Добредојдовте на Веб-Страницата на ВИТИ Дооел

За Нашата Компанија

ВИТИ Дооел е една од првите приватни фирми основана во 1995-тата година, со примарна дејност производство на сврзувачки елементи, машински завртки во стандардите DIN 933 и DIN 931, како и останати аксесоари, кои вклучуваат сајли, стеги за сајли, шпан заврти, спони за сајли и водилки за сајли.

Паралелно со отпочнување на сопственото производство, ВИТИ ја започна и соработката со една од водечките светски брендови во производство на машински завртки и навртки, во квалитет 8.8, 10.9, 12.9 и 14.9 - S.B.E. од Италија.

Со ова вити стана една од доминантните компании за снабдување со овие материјали на Македонскиот пазар.

Нашето долгогодишно искуство и традицијата ви гарантираат дека ќе добиете одлична услуга и продукт од врвен квалитет!

Доколку имате било какви прашања во врска со нашите производи, или доколку сакате да направите некаква нарачка, контактирајте не во било кое време.